Следење на авиони на руските олигарси

Тинејџерот кој го следеше авионот на Елон Маск сега ги следи авионите на руските олигарси

Тинејџерот од Флорида, Џек Свини, кој онлајн го следеше приватниот авион на Елон Маск, има нова цел. Сега ги следи авионите на руските олигарси и ВИП личности, објави Си-Ен-Ен.

Деветнаесет годишниот Џим, кој ја одби понудата на Маск од 5.000 долари за да го избрише неговиот профил на Твитер, неодамна лансираше две нови автоматизирани копчиња на Твитер – @RUOligarchJets и @Putinjet – по руската инвазија на Украина.

 

Двата профила собраа скоро 300.000 следбеници заедно и обезбедуваат скоро во реално време ажурирање на движењата на приватните авиони заедно со слики од мапи што ги лоцираат.

Свини изјави за Вол Стрит Журнал дека луѓето одамна му кажуваат да отвори вакви профили на Твитер, а тие барања се зголемија откако санкциите ги нападнаа најбогатите во Русија.

Руските олигарси се соочуваат со економски хаос дома и казна од Западот, откако претседателот Владимир Путин им нареди на своите војници да влезат во Украина. Соединетите држави и нивните сојузници одговорија со санкционирање на богати поединци кои се блиски до Кремљ.

Некои од авионите следени од профилите на Џек се сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи, Роман Абрамович, бизнисменот Алишер Усманов и Леонид Микелсон, милијардерот претседател на рускиот производител на гас Новатек. Во интервју за Блумберг, Свини рече дека е запрепастен од големината на авионите што ги користат руските олигарси.

Според Свини, тој не очекува податоците да се сосема прецизни бидејќи постојат повеќе ВИП руски авиони.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Победник на вечерта: „Опенхајмер“ освои седум Оскари

Филмот „Опенхајмер“ ја оправда фаворитската улога на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот. …