„То вима“: Грчките лидери го немаат луксузот на времето, итно ни треба единство

„То вима“: Грчките лидери го немаат луксузот на времето, итно ни треба единство

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во 16.30 часот по локално време ќе се сретне Ставрос Теодоракис, лидерот на партијата „Потами“ и ќе разговара со формирањето на Совет на национална безбедност и „за други национални праашања“, јави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Истовремено, провладината „То вима“ објави коментар под наслов „Итно да се обезбедни национално единство“ во кој повикува „веднаш да се формира предложениот Совет за национална безбедност“ .

„Сè упaтува на фактот дека следните неколку месеци се клучни за грчките национални интереси“, вели весникот и потсетува дека „политичкото водство на земјата веќе го нема луксузот на времето“.

Грчко-туските односи се во опасна зона, како поради неодамнените блиски средби на вооружените сили на двете земји, така и поради постојаните кошкања на Кипар.

Воената реторика од двете земји се заканува да прерасне во поширок судир, па оттаму и поизразената ангажираност на американски и европски дипломати.

„Грција е и останува мирољубива земја. Горчливото искуство со агресивноста на соседите нè обврзува да бидеме подотвени и да ги имаме предвид сите евентуалности“, пишува „То вима“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …