Минатата година, новата в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска барала од врховните судии да го укинат решението со кое се одобрува обвинението во случајот „Талир“ на специјалното јавно обвинителство за нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, објави тогаш Призма на БИРН.
Медиумот тогаш добил потврда за ова од Врховниот суд, од каде што потврдиле дека предметот е примен и распределен кај судија известител. Подоцна судот го одбил барањето на обвинтелката.
Според тоашниот напис на Призма, Тополова-Исајловска, потпишала барање за вонреден правен лек (барање за заштита на законитоста), со кој потенцирала дека судот требало веднаш да го отфрли обвинението бидејќи е поднесено од неовластен тужител.
Како што се посочува во барањето до Врховниот суд, до кое дошле колегите од БИРН, се спори дека СЈО е овластен тужител, бидејќи обвинението за „Талир“ било поднесено во ноември 2018 година, а рокот за поднесување обвиненија од 18 месеци истекол на крајот на јуни 2017 година. Обвинителката се повикала на начелниот став на Врховниот суд од 2019 година, според кој, СЈО можело да подигне ‘обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци’. Проблематични за обвинителката биле и 106 аудиоснимки и смс-пораки за кои, според Призма, сметала дека не бидат докази во предметот.
Советот на јавни обвинители денеска едногласно ја избра Анита Топалов–Исајловска за вршител на должноста на местото на екс-државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Таа станала обвинителка во 2009 година, а во 2013 година е префрлена во Вишото обвинителство за потоа да биде унапредена во републичка обвинителка. Му била заменичка на поранешниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски.
Коцевски пред 6 дена си поднесе оставка од функцијата по исклучително висок притисок од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Тој си поднесе оставка пред да започне собраниската седница на која на дневен ред беше точката со предлогот на Владата за негово разрешување.
Извор: МЕТА
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место