Традиционален собир на крушевските полуматуранти на градскиот плоштад

На вчерашниот свечен собир на крушевските полуматуранти, градоначалникот Томе Христоски и директорката на ООУ „Никола Карев“, Оливера Чавкароска на полуматурантките им врзаа импровизирани цветови околу нивните раце, како симбол на нивната младост, убавина и успехот што го постигнале.

Градоначалникот Христоски им го честиташе завршувањето на основното образование, им посака успех во понатамошното школување и им порача дека Крушево веќе сега се гордее со сите нив.

Полуматурантите традиционално се собираат на градскиот плоштад „Никола Мартиновски“, каде наздравија за успехот и потоа се упатија на забава во хотелот „Монтана Палас“.

Прочитајте повеќе

Министерството за правда ја започна постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски од Турција

Соопштение од Министерството за правда по однос на барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски од …