Трајчулески: Обезбедување на премиер оддава државни тајни за пари - безбедносниот систем е решето

Трајчулески: Обезбедување на премиер оддава државни тајни за пари – безбедносниот систем е решето

  • Зборуваме за безбедносен систем во кој најблиското обезбедување на премиерот Мицкоски е документирано кај што оддава државни тајни за пари. Ако тој оддал државна тајна за 50.000 евра, што бил спремен да направи за 500.000 евра, рече пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески, во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.

Трајчулески нагласи дека безбедносниот систем е решето и потсети на случувањата на северната граница со Африм Гаши, Блерим Рамадани, Артан Груби, потоа со другиот член на обезбедувањето на премиерот итн.

  • Државата мора да води сметка за својот безбедносен систем за граѓаните да се чувствуваат безбедно. Ако премиерот нема загарантирана безбедност, како граѓаните, обичните луѓе ќе се чувствуваат безбедни во своите домови Ако највисоките функционери не се сигурни, што остана за обичните граѓани, нагласи пратеникот Трајчулески.

Прочитајте повеќе

Битиќи

Битиќи: Владата не враќа ДДВ, не исплаќа плати и енормно се задолжува кај домашните банки

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи вчера во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 предупреди на …