Трамп го преживеа гласањето за импичмент во Сенатот

Трамп го преживеа гласањето за импичмент во Сенатот

Американскиот претседател Доналд Трамп го преживеа гласањето за импичмент во американскиот Сенат, добивајќи решавачка поддршка од републиканското мнозинство против двете обвинувања за злоупотреба на службената должност и за опструирање на Конгресот. Сенатот гласаше со 52 спрема 48 гласа за ослободување на претседателот Трамп од обвинувањето за злоупотреба на службената должност, како и 53 спрема 47 за да го ослободи од опструирање на Конгресот, пренесуваат новинските агенции.

Поддршката од републиканските сенатори беше клучна за ослободување на претседателот од двете обвинувања. Доналд Трамп е третиот американски претседател во историјата што некогаш бил ставен пред суд во Сенатот. Гласањето во Сенатот следува откако Претставничкиот дом, каде што демократите имаат мнозинство, на 18 декември минатата година го отповика претседателот Трамп поради задржувањето на воената помош за Украина, со цел да изврши притисок врз Киев да покрене истрага против неговиот политички ривал Џо Бајден.

Белата куќа во соопштението по гласањето во Сенатот го оцени процесот за импичмент против Трамп како „срамен“.

„Сенатот гласаше да ги отфрли неоснованите обвинувања за импичмент, а само политичките противници на Претседателот – сите демократи и еден неуспешен претседателски кандидат на Републиканците – гласаа за импичмент “, се вели во соопштението на Белата куќа.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

На состанокот во Луксембург денеска (22 април) министрите за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ …