Трамп им се закани на Иран и на Хамас

Трамп им се закани на Иран и на Хамас

Американскиот претседател Доналд Трамп му се заканува на Иран со нови воени напади во соработка со Израел. Тој рече дека поддржува повторен израелски напад доколку Иран продолжи да произведува ракети, рече Трамп на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неговата резиденција Мар-а-Лаго во Флорида. Тој зборуваше уште порешително за нуклеарната програма на Иран: САД „веднаш“ ќе интервенираат доколку е потребно. Исламистичкиот Хамас го обвини Трамп дека е одговорен за застојот на мировниот процес во Појасот Газа.

„Ќе го направиме тоа веднаш“, рече американскиот претседател за можните напади врз Иран доколку дипломатските напори не успеат и Техеран ја продолжи својата нуклеарна програма. За разлика од Израел, Трамп на тој начин се покажа отворен за обновување на дипломатските преговори со Техеран, пишува Волстрит џурнал.

Страв од нова војна

Еден од клучните советници на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, напиша на мрежата X дека ракетниот капацитет и одбраната на Иран не можат да бидат ограничени и не бараат ничија дозвола. „Секоја агресија веднаш ќе биде возвратена со силна реакција надвор од имагинацијата на нивните планери.“

Американскиот претседател Доналд Трамп (десно) гестикулира додека зборува пред новинарите. До него е израелскиот премиер Банјамин Нетанјаху,
Трамп по петти пат од стапувањето на функцијата се сретна со Нетанјаху. Овојпат во неговата приватна резиденција Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида

Во јуни, Израел водеше 12-дневна војна против својот заколнат непријател и заедно со САД бомбардираше нуклеарни постројки. Конфликтот продолжува и покрај прекинот на огнот – дипломатско решение не е на повидок. Според израелските информации, Техеран интензивно работи на обновување на својот ракетен арсенал. Во двете земји, неодамна се појавија извештаи за можно обновување на војната.

Закана и до Хамас

Трамп му се закани и на Хамас  со последици ако не го положи оружјето, како што е предвидено во мировниот план за војната во Појасот Газа. САД не сакаат ескалација, нагласи Трамп, но јасно стави до знаење: „Тие мора да се разоружаат во релативно краток временски период“. Втората фаза од неговиот мировен план предвидува разоружување на оваа терористичка организација. Ако не го сторат тоа, „за нив ќе биде навистина, навистина лошо“, предупреди Трамп.

Од 10 октомври во Газа има прекин на огнот, но и натаму продолжуваат да се случуваат смртоносни инциденти. Сè уште не се исполнети сите услови од првата фаза од мировниот план на Трамп. Иако сите преживеани заложници на Хамас се ослободени и израелската армија се повлече од делови од Газа, телото на еден киднапиран заложник сè уште е во Газа. Трамп се сретна со неговите родители и вети дека ќе направи сè за да ги врати посмртните останки на нивниот син.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Македонија без покана за Одборот за мир на Трамп

Македонија без покана за Одборот за мир на Трамп

Македонија сè уште ја очекува поканата од американскиот претседател Доналд Трамп за учество во т.н. Одбор …