доналд трамп

Трамп малку попушти – го започна процесот на пренос на власта

Американскиот претседател Доналд Трамп, по недели блокирање, ја започна регулираната трансформација на власта кон изборниот победник Џо Бајден. Но, Трамп и натаму не сака да чуе за пораз и продолжува со правна битка.

Избраниот претседател на САД, Џо Бајден сега го добива досега спречуваниот пристап кон владината структура за да може да се подготви за преземање на власта. Актуелниот претседател Доналд Трамп ѝ издал налог на својата администрација да соработува со Бајден. Раководителката на надлежната управна служба, ГСА, Емили Марфи, добила инструкции да „го направи она што мора” за да го поддржи преодниот тим на Бајден, твитна Трамп, со дополнување: „Нужен чекор.”

Претходно ГСА го означи Бајден како веројатен победник, на тој начин давајќи зелено светло за кооперација на администрацијата на Трамп со тимот на демократот. Така Џо Бајден добива пристап до 6,3 милиони долари предвидени за непречен пренос на владините работи. Истовремено соработниците на Бајден сега можат официјално да комуницираат со владините службеници, што досега им беше оневозможено.

„Денешната одлука е неопходен чекор за да почнеме со совладување на предизвиците со кои е соочена нашата земја”, соопшти тимот на Бајден.

Трамп пак демонстрира борбеност, иако неговата правна битка досега не дава резултати. Последно беше официјално потврден изборниот резултат во сојузната држава Мичиген, во корист на Бајден. Но, Трамп и натаму одбива да признае изборен пораз на претседателските избори одржани на 3 ноември, тврдејќи дека победата му е „украдена” со масивна измама. Повеќе од 30 тужби поднесени од неговите адвокати веќе се одбиени од судовите.

Регулираниот пренос на власта, транзиција, по одржаните претседателски избори е процес кој во САД е законски одреден од пред 60 години. „Секој прекин, предизвикан при предавањето на владините работи, може како резултати да има штетни последици за безбедноста и доброто на САД и граѓаните”, стои во образложението на законот.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …