Трамп најави нови преговори со Иран

Трамп најави нови преговори со Иран

Американскиот претседател  Доналд Трамп најави нова рунда разговори со Иран. Преговорите треба да се одржат уште денеска, понеделник, изјави тој во претседателскиот авион за време на летот кон Вашингтон.

Трамп не откри каде ќе се одржат разговорите, колку долго ќе траат ниту кои точно претставници ќе учествуваат во нив.

Воедно, американскиот претседател ја повтори својата изјава дека САД, на барање на повеќе држави од Персискиот Залив и на Иран, засега се откажале од нови воздушни напади.

„Секако дека тие не сакаат да бидат нападнати“, рече Трамп, мислејќи на Иран. „Тие го знаеја обемот на планираниот напад бидејќи гледаа како тој се подготвува.“

Иран ги отфрла тврдењата на Трамп

Иран ги негира ваквите тврдења. Според иранската новинска агенција Мехр, претставници на иранската армија ја оценија изјавата како „ништо повеќе од уште една лага“.

Иранскиот пратеник Хасан Гашгави во неделата изјави на телевизија дека во моментов се вложуваат напори за повторно оживување на договорот.

„Тие знаат дека  главното прашање е Ормускиот Теснец“, изјави Гашгави, кој воедно е и портпарол на Комисијата за национална безбедност.

Тој додаде дека во тек е размена на мислења во врска со ова прашање.

Иран и САД во средината на јуни постигнаа рамковен договор  за ставање крај на  војната  што трае од крајот на февруари. Во преоден рок од 60 дена требаше да бидат разработени деталите од договорот.

Меѓу клучните спорни прашања остануваат Ормускиот Теснец и иранската нуклеарна програма. Оттогаш наваму, двете земји повеќепати  разменуваат жестоки напади  и  меѓусебни обвинувања.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Не вдишувајте! Како чадот од шумски пожар „влијае на целото тело“?

Не вдишувајте! Како чадот од шумски пожар „влијае на целото тело“?

Истражувачите почнуваат да го разбираат долгорочното влијание на изложеноста на чад од шумски пожари врз здравјето на …