Трамп потпиша наредба за социјалните мрежи

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша наредба со која се доведува во прашање заштитата на социјалните мрежи од тужби. „Потпишувам извршна наредба за заштита и поддршка на слободата на говорот и правата на американскиот народ“, рече Трамп. Тој ја потпиша наредбата еден ден откако го обвини Твитер за „целосно задушување на слободата на говорот“. Претходно оваа социјалната мрежа ги предупреди корисниците да ја проверат точноста на информациите дадени од американскиот претседател. Трамп ги оцени овие потези како „уреднички одлуки“ на Твитер, кои и припаѓаат на областа на политичкиот активизам.

Тој изјави дека социјалните мрежи треба да останат без заштита од тужба заради содржината објавена на нивните платформи. Трамп и неговите соработници, кои многу се потпираат врз Твитер за да ги нападнат противниците, долго време ги обвинуваа технолошките гиганти од Силиконската долина за таргетирање на конзервативците на социјалните медиуми, проверка на вистинитоста на презентираните податоци или отстранување на истите.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …