Tренчевска: Цените не се намалени, мерките на Владата немаат ефект

Tренчевска: Цените не се намалени, мерките на Владата немаат ефект

Цените на производите по маркетите не се намалени, иако Владата тоа помпезно го најавуваше. На ова реагираа и граѓаните, освен еден вид леб, чија цена е намалена за 1 денар, на останатите производи нема намалување, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во дебатната емисија „Отворено“ на 24 телевизија.
– Наместо намалени, имаме зголемени цени на храна за 717 денари, и ова е уште една потврда дека мерките на Владата на Мицкоски се задоцнети и немаат ефект. Граѓаните не осетија подобрување на животниот стандард и додека во Србија и Црна Гора, се намалија цените на 700 производи, кај нас се намалуваат маржи на едвај 70 производи. Кога СДСМ беше на власт, беа намалени цените на 500 производи, а за подобар животен стандард на граѓаните, воведовме пакет антикризни мерки. ДПМНЕ освен да манипулира, нема никаква друга идеја и води погрешна економска политика, од која граѓаните немаат никаква корист, рече Тренчевска.
За време на изборите слушавме како ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе ја покачат минималната плата, а денес слушаме изјава на премиерот кој вели дека платите ќе се покачат тогаш кога ќе има можност, додаде Тренчевска.
– Во изминатите години имавме постојан раст на платите, тргнувајќи од минималната плата и просечната плата. Во изминатите години, СДСМ ја покачи минималната плата од 8.000 на 22.500 денари, а просечната од 20.000 на 41.939 денари. Сега наместо покачување, за еден месец, откако ДПМНЕ е на власт, имаме пад на просечната плата за 1.000 денари, рече Тренчевска.
Таа потенцираше дека власта ги извиси и наставниците и за првпат тие не ја почнаа годината со повисоки плати, а ниту пак ќе добијат покачување, иако им следува согласно колективните договори. За разлика од денес, со СДСМ наставниците секоја нова учебна година ја започнуваа со повисока плата.
-Економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се погрешни и не придонесуваат кон подобрување на стандардот на граѓаните, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.

Прочитајте повеќе

Бугарите слават „победа“, Македонци се жалат на „неправда“

Бугарите слават „победа“, Македонци се жалат на „неправда“

Усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Северна Македонија предизвика лавина реакции во Скопје и во Софија. …