Прес конференција нa Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ
Почитувани,
Се потврди тоа што го говоревме и она што граѓаните го гледаат секој ден – нема намалување на цените во маркетите, владината мерка не даде резултат.
Податоците коишто ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека цените на мало во месец октомври се намалиле за само 0,1%.
Ова значи дека намалување на цени нема и затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Владата треба итно да ги прифатат пакет законските решенија на СДСМ:
– Да се усвои Законот за зголемување на минималната плата на 450 евра.
– Да се усвои Законот за укинување на ДДВ за храната со кој граѓаните ќе заштедат и до 2.000 денари месечно.
-Итно да се примени Законот за нефер трговски практики за спречување на нов раст на цените.
Овие пакет решенија на СДСМ ќе значат намалување на цените, зголемување на платите односно повеќе пари за граѓаните и семејните буџети.
СДСМ уште еднаш повикува да проработи разумот кај власта, пред се кај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Подаваме рака за соработка, за подобар животен стандард и поддршка на граѓаните во време кога нивниот живот станува се потежок.
Просечната плата во земјата е намалена за 1,000 денари а македонската економија е во слободен пад.
Индустриското производство бележи пад во септември за 7,9% а прогнозите за економијата стануваат се полоши. По Светска банка и Народна банка ги намали проекциите за македонската економија и предвидува послаб раст оваа и наредната година.
Ова се лоши вести. Потребно е заедничко делување за да им се помогне на граѓаните а пакет решенијата на СДСМ, овие три политики кои ги споменав се реални, одржливи и ќе дадат брз резултат.
Жално е ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се подготвена на штета на граѓаните да водат политички инает со отфрлање на добрите решенија.