Три години ПУБЛИКУМ: Почеток... (Ретро)

Три години ПУБЛИКУМ: Почеток… (Ретро)

Пишува: Зоран Милошески

Борбата за слобода на говорот е процес кој трае. Идентично како и слободата, ниту таа не се освојува еднаш засекогаш. Напротив.

Според член 19 од Универзалната декларација за човекови права, правото на слобода на говорот е признаено како основно човеково право, чија улога во остварувањето и заштитата на другите права е од суштинско значење. Европската конвенција за човековите права и слободи, пак, вели дека секој човек има право на слобода на изразување. Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт и без оглед на границите.

Можноста за изразување и споделување на информацијата е еден од вредносните показатели за демократскиот капацитет на едно општество. Во тој контекст, правото на јавноста да располага со информации кои се од јавно значење им дава посебна функција и важност на медиумите. Бидејќи освен информативниот карактер, медиумите истовремено се коректив на политиките и на власта и на опозицијата.

Фрагменти од првиот текст објавен на ПУБЛИКУМ, на 22 септември 2016 година

Прочитајте повеќе

Кривична пријава од СДСМ Прилеп за Јовчески

СДСМ Прилеп: Кривична пријава за градоначалникот Јовчески заради незаконски потпишан анекс на Договор за јавна набавка

Прес-конференција на Моника Грашеска Илиеска, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот …