Компанијата Витаминка е долгогодишен верен партнер и поддржувач на најреномираниот интернационален театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Оваа година е од особено значење за нивната соработка бидејќи е проследена со дури три значајни јубилеи.
Сведоштво за партнерство и промоција на македонската култура
Овие јубилеи претставуваат вистинско сведоштво за партнерството и пријателството кое ги промовира и негува вистинските вредности на театарската уметност и на македонската култура. Воедно, преку оваа соработка се зацврстува локалното и интернационалното реноме.
За време на свеченото отворање на 60-то издание на фестивалот, компанијата беше почестена со Благодарница за нејзината поддршка и придонес во развојот на оваа значајна манифестација.
Дополнително, на свое големо задоволство, Витаминка ја имаше честа да биде домаќин на реномираните гости и учесници на фестивалот. Врвните уметници од театарската фела ја посетија компанијата во текот на фестивалските денови.
Од Витаминка изразија голема благодарност и порачаа дека продолжуваат да бидат верни партнери и поддржувачи за нашиот театар, за градот и за нашата земја.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место