Три лица од Арачиново загинаа откако товaрен воз на преминот кај кумановско Романовце, удрил во автомобил „голф“. Несреќата која ја потврдија од МВР, се случила во 11.45 часот пред железничкото стојалиште „Превој“, помеѓу железничките станици Куманово и Романовце на одбележан железнички патен премин.

Во „голфот“ со скопски ознаки, удрил товарен воз на „Македонски железници“. Во несреќата загинале возачот Н.Б и сопатничките С.Б и З.Б, а четвриот сопатник И.Б успеал да скокне од возилото пред ударот.