Три медали за џудистите на ЏК „Сеишин“ на меѓународниот турнир во Никшиќ, Црна Гора

Три медали за џудистите на ЏК „Сеишин“ на меѓународниот турнир во Никшиќ, Црна Гора

Денеска во Никшиќ, Црна Гора, се одржа меѓународен турнир во џудо „Трофеј Никшиќ – 2022″.

На турнирот учествуваа над 400 џудисти од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија и Словенија.

Со петмина натпреварувачи, учество на турнирот зеде и ЏК „Сеишин“ од Прилеп, кои освоија еден златен и два сребрени медали.

На турнирот во Никшиќ, Теодора Илиоска го освои првото место, додека Тамара Илиоска и Марко Ацески беа второпласирани.

Боите на ЏК „Сеишин“ ги бранеа и Марко Василески и Давор Најдоски, кои и покрај добрите борби, не успеаја да изборат место на пиедесталот.

Екипата на ЏК „Сеишин“ на меѓународниот турнир во Црна Гора ја водеше тренерот Мартин Ристески.

Прочитајте повеќе

Алжирската боксерка Имане Келиф, не е биолошки маж

Алжирската боксерка Имане Келиф, не е биолошки маж

Промена на полот во Алжир е забранета, пишува Вистиномер Станува збор за биолошка жена, која …