„Три прави, три опачни“, повторно на сцената на битолскиот „Интимен Театар“

Театарската претстава „Три прави, три опачни“, или „Седум осмини“, во недела на 27. мај се враќа на сцената на „Интимен Театар“ во Битола. Во претставата играат Јасмина Петровска и Никола Пројчевски, кој е и автор на текстот.

„Три прави, три опачни“, е сатиричен приказ на животот на обичниот, мал човек, којшто секојдневно се бори да преживее во ова наше општество, деформирано од либералниот капитализам. Невидливиот човек што развива различни стратегии за преживување е главниот протагонист во претставата. Хаотичната политичка и општествена ситуација што не’ опкружува, е коментирана од една иронична гледна точка, што дава дополнителен шарм и хумор на егзистенцијалните проблеми. Во претставата, Пројчевски игра неколку ликови, што самостојно се справуваат со битката за опстанок и самостојно се трудат да ги реализираат своите желби за подобро утре. Во исто време овие ликови совршено се адаптираат кон суровата и нејасна реалност и стануваат комични, но во исто време и шармантни критичари на се’ она што се случува окулу нас.

„Три прави, три опачни“, на еден навидум лесен и хумористичен начин, дискутира и опфаќа горки прашања што не’ мачат сите нас, портретира обични луѓе што се трудат да егзистираат во хаосот и што упорно, по никаква цена, не се откажуваат од своите соништа.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: ЕУ е нашата единствена алтернатива, заедно со ЕУ ќе ја пребродиме економско-енергетската криза

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со лидерите од Западен Балкан денеска учествуваше и дискутираше на втората …