„ТРИ“, прва македонска претстава на знаковен јазик

„ТРИ“, прва македонска претстава на знаковен јазик

Во сабота на 4 декември со почеток во 12.00 ч, во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе биде прикажана првата професионална претстава на знаковен јазик за глувонеми и наглуви лица во нашата земја на македонски јазик, со наслов „ТРИ“.

Претставата е во режија на Јован Ристовски и зборува за еко-катастрофата, за нехигиената, недисциплината и некултурата на поголемиот дел од населението.

„ТРИ“ е претстава наменета за широката детска публика и истовремено за глувонеми и наглуви деца. Актерите паралелно зборуваат говорно и на знаковен јазик.

Во претставата која е во продукција на АТО, играат актерите Никола Пројчевски, Маја Андоновска, Анастазија Христовска и Сандра Грибовска.

Толкувач на знаковен јазик е Сузана Станоевска, а претставата е поддржана од Германската интернационална агенција за соработка GIZ и Министерството за култура.

Прочитајте повеќе

поточиња 2024

Поточиња викендов седум пати ја наполнија Филхармонија

Новото издание на детскиот фестивал Поточиња кое се одржа викендов во Македонска Филхармонија привлече огромен …