Три вакцини обезбедуваат високо ниво на заштита од корона вирус

Три вакцини обезбедуваат високо ниво на заштита од корона вирус

AstraZeneca соопшти дека клиничките испитувања за нивната вакцина за Ковид-19 во Британија и Бразил покажале „висока ефикасност во спречување на Ковид-19“ без „хоспитализации или сериозни случаи на болеста“ кај сите волонтери.

Англиската фармацевтска компанија тестираше два начина на дозирање. Едниот има ефикасност од 90% додека другиот од 70%.

„Ќе се собираат повеќе податоци и ќе се вршат дополнителни анализи со што ќе се подобрат податоците за ефикасноста и ќе се утврди долготрајноста на заштитата“ се наведува во соопштението од AstraZeneca.

„Овие наоди покажуваат дека имаме ефективна вакцина која ќе спаси многу животи“ изјави професорот Ендру Полард, главен истражувач во испитувањето на вакцината во Оксфорд.

AstraZeneca соопшти дека ќе побара итно одобрување од Светската Здравствена Организација за забрзување на достапноста на вакцината во посиромашните земји.

Паралелно со ова, целосната анализа од првичните резултати е предадена на потврдување од независни експерти.

Претходно Pfizer и Moderna објавија дека резултатите од испитувањата за нивните вакцини покажале дека тие се ефикасни речиси 95%.

Државите почнаа да изготвуваат планови за дистрибуција на вакцините, Германија и САД планираат да вакцинираат дел од населението уште следниот месец.

САД планираат да почнат да вакцинираат одредени групи веќе на 12-ти декември, два дена откако се очекува Агенцијата за храна и лекови да ја заврши анализагта за вакцината на Pfizer.

Во САД здравствените работници, кои се тешко погодени од Ковид-19, би биле меѓу првите кои би ја добиле вакцината.

На самитот на Г-20 изминатиов викенд, лидерите на 20-те најбогати држави во светот се заложија да работат заедно за да осигураат дека вакцините за Ковид-19 ќе бидат достапни и за најсиромашните и најранливите луѓе.

Најновите податоци од универзитетот Џонс Хопкинс покажуваат дека досега во светот се инфицирале над 58 милиони луѓе.

САД имаат најмногу заразени, 12 милиони. Следуваат Индија со 9 милиони и Бразил со 6 милиони.

Вирусот досега одзеде 1.3 милиони животи, повеќе од една четвртина од смртните случаи се во САД.

Извор: VOA

Прочитајте повеќе

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Светските лидери го осудија големиот ирански напад врз Израел, а многу Иранци се загрижени дека …