Трибина по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидност: Попреченоста е прашање на перцепција

Трибина по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидност: Попреченоста е прашање на перцепција

По повод 3.Декември, Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, денеска во Градската библиотека „Борка Талески“ се одржа трибина, која беше во организација на Асоцијацијата за права на деца и младинци со посебни потреби „Ластовица“ – Прилеп.

Трибина по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидност: Попреченоста е прашање на перцепцијаГостин на трибината беше Александар Матовски – Цако, лице со Даунов синдром, кој неодамна дипломираше на Педагошкиот факултет во Скопје и стана дипломиран професор по предучилишно воспитание. Покрај тоа што пишува поезија, се занимава со карате, тој е автор на емисијата „Јас сум Цако“ на радио МОФ, во која повеќе од 6 години зборува за предизвиците и успесите на лицата со Даунов синдром, како и за случувањата што ги засегаат младите лица. После огромниот успех кој го постигна заедно со останатите танчери од студиото „Dancers United MK” и освоеното прво место на натпреварувањето во Полска, Цако беше прогласен за Херој на годината.

Цако е истакнат борец за човекови права и правата на лицата со попречености. За својата работа е добитник на многу признанија, сертификати и награди, а на 21 март 2016 година, Цако беше дел од самозастапниците на конференцијата посветена на Светскиот ден на Даунов синдром, која се одржа во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк.

Трибина по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидност: Попреченоста е прашање на перцепцијаНа денешната трибина Алек,сандар Матовски – Цако зборуваше за неговото лично искуство во справувањето со бариерите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со различни видови на попреченост, или како што тој милува да каже, лицата со специјални таленти. Свое обраќање имаше и мајката на Цако, Снежана Матовска која изрази поддршка за реформите во образованието во насока на инклузија на лицата со различни видови на хендикеп, односно попреченост.

На трибината свои излагања имаа и раководителот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Дејан Тошески и дефектологот во ООУ „Климент Охридски“ и претседател на „Ластовица“, Светлана Миоковиќ – Томеска, на која Цако и неговите родители, Снежана и Зоран Матовски, ѝ изразија благодарност за нејзината долгогодишна и пожртвувана работа со лицата со посебни потреби.

Прочитајте повеќе

Кривична пријава од СДСМ Прилеп за Јовчески

СДСМ Прилеп: Кривична пријава за градоначалникот Јовчески заради незаконски потпишан анекс на Договор за јавна набавка

Прес-конференција на Моника Грашеска Илиеска, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот …