Трибина „Розов октомври: Превенцијата претворете ја во навика“

Трибина „Розов октомври“: Превенцијата претворете ја во навика

„Октомври е ‘Розов месец’, одличен повод за едукација за женското здравје.

Ракот на дојка е втората причина за смртност од малигни заболувања кај жените. На глобално ниво, годишно се откриваат до 2 милиони случаи на карцином на дојка, додека мажите заболуваат во 1% отсто случаи. Секоја година од оваа болест умираат половина милион жени.

Почетната фаза на ракот на дојка може да се излекува кај повеќе од 95% од заболените. Затоа превентивните прегледи, односно редовните лекарски контроли претставуваат најефикасен начин за рано откривање и дијагностицирање на оваа болест. Секој чекор кој се прави во таа насока, значи чекор напред кон почитување на сопственото здравје и живот“.

Тоа, меѓу другото беше кажано на вечерашната трибина на тема „Превенцијата претворете ја во навика“, која Општинската организација на СДСМ Прилеп ја организираше по повод месецот за борба против ракот на дојка, „Розов октомври“.

Покрај претседателката на ОО СДСМ, Петра Лукароска, на трибината говореа и д-р Жарко Митрески спец. интернист нефролог и Анета Спиркоска, дипломиран психолог.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Трошоците за храна реално ќе се намалат со предлог-законот на СДСМ за укинување на ДДВ

Битиќи: Трошоците за храна реално ќе се намалат со предлог-законот на СДСМ за укинување на ДДВ

„Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ кој го поднесовме вистински ќе помогне, …