Триесетдневен притвор за возачот во чиј автомобил вчера беше пронајдена голема количина дрога

Триесетдневен притвор за возачот во чиј автомобил вчера беше пронајдена голема количина дрога

На возачот кој вчера беше уапсен, откако со автомобил марка „Пасат“ удри во воз кај рампата во скопската населба „Хиподром“ и во кој подоцна беа најдени поголеми количини дрога, денеска му е одреден 30 дневен притвор.

Станува збор за една од двете успешни акции на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), предводени од првиот човек на Бирото, Сашо Тасевски, која започна во претпладневните часови на вчерашниот ден во скопското село Трубарево.

Имено, полициски службеници забележале возило марка „Пасат“со скопски регистерски таблички, во кое влегле две лица кои веднаш се дале во бегство кон рампата на населбата „Хиподром“, при што удриле во вагон од воз.

Како што вчера изјави директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, лицето кое било на совозачкото место се дало во бегство, а возачот додека излегувал од возилото фрлил една кеса и едно пакување со 112 таблети екстази, една кеса со 1.000 таблети екстази и кеса со 750 таблети екстази, 80 грама амфетамин и пет грама сива кристална материја. После извршениот преглед на возилото, пронајдени биле и 800 грама марихуана и една дигитална вага.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …