Тринаесет македонски војници во Авганистан позитивни на корона вирусот, но во добра состојба

Тринаесет македонски војници во Авганистан позитивни на корона вирусот, но во добра состојба

Тринаесет војници на АРМ од контингентот во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан се позитивни на корона вирусот и се во изолација, а уште седуммина нивни колеги се во карантин, соопшти Министерството за одбрана.

Војниците се припадници на македонскиот вод за обезбедување на Главната команда на мисијата и се во добра здравствена состојба. Минстерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска попладнево разговарала со полковник Златко Кузманов, распореден во Главната команда, кој ја информирал за состојбата на војниците.

Македонските војници, според полковникот, се во добра состојба, без симптоми на болеста, а се згрижени во добри услови. Според полковник Кузмановски, присуството на вирусот кај македонските војници било утврдено со редовно неделно тестирање. Досега, од почетокот на пандемијата, со САРС-КоВ-2 биле инфицирани околу 2.000 војници во меѓународните сили во Авганистан, а последниот бран почнал пред десетина дена. Шекеринска побарала дневни известувања за состојбата на македонките војници и го ставила министерството за располагање за каква било потреба.

Македонскиот контингент во „Одлучна поддршка“ се состои од вод за обезбедување на Главната команда и штабни офицери во Командата за обука, поддршка и советување-Главен град на Кабулскиот меѓународен аеродром. Другите припадници на контингентот не се инфицирани и редовно ги извршуваат задачите.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …