Тринаесет повредени, вклучително и три деца, по руски напад во регионот Днипропетровск

Во украинската област Днипропетровск, руска ракета погоди двокатна станбена зграда, при што беа повредени најмалку 13 лица, меѓу кои три деца.

Веста за нападот и повредените на војот Телеграм канал ја објави Серхи Лисак, шеф на регионалната воена управа на Днипропетровск, пишува Укринформ.

„Експлозија одекна во населбата Пидородне во областа Днипро. Оштетена е двокатна станбена зграда. Луѓето остануваат под урнатините“, напиша тој.

Според првичните извештаи, има 13 повредени, меѓу кои три момчиња (6, 11 и 15 години). Сите се хоспитализирани во стабилна состојба.

Во нападот е оштетена и зградата на локалната служба за итни случаи.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …