Тринаесетто издание на ликовната колонија „Дрен“

Тринаесетто издание на ликовната колонија „Дрен“

Од 19 до 25 јули, во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, по 13-ти пат ќе се одржи традиционалната ликовна колонија „Дрен“, на која годинава освен што ќе творат сликари, дела во метал ќе создаваат и скулптори.

На годинешната ликовна колонија свои дела ќе создаваат 11 уметници од земјава и странство: Мирослав Живковиќ  и Снежана Малетин од Србија, Мирјана Крстева Масети, Марија Стојаноски – Петкоска,  Александра Петкова, Буба Солак,  Драган Најденовски, Новица Трајковски, Владимир Темков и Тони Чатлески, а во метал ќе работат скулпторите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.

Делата создадени на годинашната колонија ќе бидат претставени на изложба која ќе се одржи наесен.

Досега на ликовната колонија се создадени околу 350 дела кои се во трајно наследство на Центарот за култура и на државата. Ликовната колонија „Дрен 2021“ се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …