Трката од која зависи светот

Трката од која зависи светот

Изборот на Трамп или Бајден и резултатите во Сенатот и политичките последици од тие маргини, најверојатно ќе значат фундаментални преместувања во внатрешната и надворешната политика на САД

Пишува: Петар Арсовски

„Дури и ако Трамп победи во две од трите најважни држави (Мичиген, Пенсилванија, Висконсин) за победа на претседателските избори во САД, сепак тоа не е доволно за целосна победа, и мали се шансите да биде избран“.  Ваква најава имаше СиЕнЕн пред три дена.  Се чини точно и разумно претставување на шансите на Бајден и Трамп.  Но, веднаш по таа најава, за саркастична споредба, одеше втора, без малку идентична најава, од претходните претседателски избори.  И тогаш, прилозите беа слични, шансите и прогнозите беа идентични со овие, па сепак, и покрај фактот што Хилари Клинтон освои поголем број гласови, Трамп стана претседател.

Кога СиЕнЕн поентира со идентичните најави од претходните избори, јасно е зошто сите аналитички центри и рејтинг агенции се многу внимателни со прогнозите за исходот на трката за претседател на САД.  Прашањата кои се провлекуваат во прогнозите се врзани за можните промени во последните две недели, за можноста анкетите да не се веќе реален модел за предвидување на исходот од трката, за нијансите кои лежат во различните маргини на победата, но истовремено, и за ефектите од победата на еден или друг кандидат на светските политички текови.

Најнапред, дали е ова навистина трката од која зависи светот? Најверојатно да.  САД се веќе длабоко поларизирано општество, а ретко кога противниците во трката имале волку антагонизам, различни ставови, и дијаметрално спротивни приоритети во нивните програми.  Изборот на Трамп или Бајден, затоа, и, се разбира, резултатите во Сенатот и политичките последици од тие маргини, најверојатно ќе значат фундаментални преместувања во внатрешната и надворешната политика на САД.  Со најавите на Трамп дека размислува за повлекување од СЗО, за ревизија на неколку клучни трговски договори, откажување (или игнорирање) на протоколот од Кјото за заштита на животната средина, неговиот избор ќе ја однесе САД во еден различен правец од ова што досега имавме можност да го следиме на светската сцена: најверојатно тоа ќе бидат многу поинтровертни САД, многу помалку загрижени за својата глобална улога, туку повеќе фокусирани на себеси и нивните сопствени национални приоритети.  Доколку, пак, на изборите се случи т.н. „син бран“, и Демократите ја освојат Белата куќа, но и некакво водство во Сенатот, исто така можеме да очекуваме некои значајни промени.  На пример, борба за Врховниот суд на САД: агресивното именување на конзервативен судија од страна на Трамп во предвечерието на изборите, може да ги натера Демократите да размислуваат за сопствени радикални потези, како на пример давање државотворност на Порторико и Вашингтон, во маневар за промена (или зголемување) на составот на судии во оваа институција.  Бајден, исто така, најавува многу поактивна светска улога на САД, особено во оние региони каде нивните интереси се во студена војна со Русија, позиција на која Трамп досега бил нагласено пасивен.

Затоа, разбирлив е интересот, вниманието, но и делумната параноја со која се следат овие претседателски избори.  Имам впечаток дека, како ретко кога досега, очите на светот се вперени во изборите во САД, и, како секои добри воајери, во разните политички „кладби“ околу новата политика на САД, која и да биде таа.  Како што ќе се наближува датумот, така ќе имаме експлозија на анкети, прогнози, најави, и анализи.

Извор: DW

Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Ќе ги оставиме Израелците да зборуваат за тоа. Ние не сме вклучени во нивниот процес …