Три лица се убиени, а еден е тешко ранет во просториите на гимназијата во Сански Мост, на северозападот на Босна и Херцеговина.
Напаѓачот пукал со автоматска пушка кон тројца вработени во училиштето.
Меѓу убиените е и директорот на училиштето, потврдија за Радио Слободна Европа од полицијата на Унско-санскиот кантон.
Како што ни соопштија од полицијата, напаѓачот се обидел да се самоубие, бил тешко повреден и пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука.
Осомничен за убиствата е вработен во средното училиште во Сански Мост.