Тројца обвинители на дисциплинска за „крвавиот четврток“

Тројца обвинители на дисциплинска за „крвавиот четврток“

За тројца обвинители е покрената дисциплинска постапка поради сомнеж дека направиле пропусти во истрагата за крвавиот четврток.

За тројца обвинители е покрената дисциплинска постапка поради сомнеж дека направиле пропусти во истрагата за крвавиот четврток. Од државното обвинителство за Телма потврдиле дека пред празникот е отворена дисциплинска постапка која ја води комисија. Обвинителите се товарат дека не извршиле увид на местото на крвичниот настан, односно во Собранието каде лани на 27-ми април се случи упадот и беа повредени над 100 луѓе.Тројца обвинители на дисциплинска за „крвавиот четврток“

Дисциплинската постапка е отворена против раководителката и заменик раководителот во скопското обвинителство, како и против раководителот на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Во тоа време овие функции ги извршуваа Златко Биковски, во организиран криминал и Гордана Ѓешковска и Јован Цветановски во скопското обвинителство.

Извор: Слободен печат

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …