Царовска: Поделеното родителско отсуство е важно за родовата рамноправност

Царовска: Поделеното родителско отсуство е важно за родовата рамноправност

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска учествуваше на панел-дискусијата „Споделено родителско отсуство–Зошто е важно, најдобри практики и искуства“ организирана од граѓанската организација „Реактор“.

Тема на дебатата беа унапредување на правата на родителите, родовата еднаквост, раниот детски развој и креирање Закон за работни односи во кој што породилното отсуство што ќе го користи таткото нема да биде условено од користењето на породилното од мајката.

„Како Влада на која што секое дете и е важно, но и која работи на унапредување на родовата еднаквост сметаме дека воведувањето на споделеното родителско отсусво ќе значи многу за раниот развој на детето кој што е многу важен, но и за присуството на двајцата родители на пазарот на трудот, што во пракса најчесто тоа е таткото“, рече  Царовска.

Сегашното законодавство предвидува до седум дена максимално отсуство за татковците. Иако отсуството за мајките е преносливо, тоа не може да се подели помеѓу родителите, што значи дека за да можат татковците да го земат отсуството, мајките мора целосно да се откажат од него.

Царовска најави дека во новото законско решение кое што е во фаза на подготовка ќе бидат земени во предвид најдобрите европски пракси и истиот ќе биде изготвен во претходна консултација со сите засегнати страни.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …