Царовска: Првпат се исплатија пензии без задолжувања, пензискиот систем е стабилен

Царовска: Првпат се исплатија пензии без задолжувања, пензискиот систем е стабилен

Пензискиот систем во земјата е стабилен и за првпат после долги години се исплатија пензии без задолжувања, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

„Со пензиската реформа дадовме сите по малку, и помладите и повозрасните и направивме заштеда од околу 4 милијарди денари во Фондот за ПИОМ со што го стабилизираме системот и обезбедивме сигурна и континуирана исплата на пензиите. По реформата исплативме пензија без позајмици. Исто така, со Закон предвидовме два пати во годината усогласување на пензиите и трето зголемување кое ќе се прави ако имаме економски раст над 4 проценти. Ова ќе значи дека повеќе нема да се прават ад хок зголемување туку усогласувањето ќе се прави според законската рамка”, истакна Царовска.

Таа потсети дека дупката во Фондот за пензиско осигурување од три милијарди денари во 2006 година достигнала 18 милијарди денари. Оваа година фондот исплатува пензии со намалена дупка од три до четири милијарди денари, односно се исплаќаат пензиите без позајмици.

– Тоа покажува дека пензискиот систем станува самоодржлив. Има уште многу да се работи, дупката создавана десет години се закануваше да создаде фискално цунами, се поради несоодветни, неодговорни политики што доведуваа до намалување за придонесите, нереално зголемување на пензиите без економска логика – истакна Царовска.

Царовска денеска учествуваше во работата на 11. средба на директорите на пензиските фондови на државите на поранешната СФРЈ, што од денеска се одржува во Охрид.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …