Цела држава под минусни температури, најстудено во Берово, Битола, Маврово

Температурите низ државата секаде се под нулата.. Според прогнозата на УХМР, студеното време и минусните температури ќе продолжат и во текот на денов.

Минус 21 Целзиусов степен се измерени утринава во Берово, минус 20 во Битола, минус 18 во Маврово, а минус 17 во Струмица.

На планините е формирана снежна покривка која е највисока во Маврово 66 сантиметри и во Крушево 27 см.

Под влијание на влажен и студен бран, утре и во четврток ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …