Целосно електричeн Fiat 500 доаѓа следната годинa

Fiat на саемот во Женева го претстави најновиот концепт Centroventi кој претставува целосно електричен автомобил кој на пазарот доаѓа во 2021 година.

Овој саем италијанскиот производител го искористи и за да го најави целосно електричната изведба на моделот 500 кој во сериско производство доаѓа уште следната година и тоа на саемот во Женева.

500е ќе биде називот на електричанта изведба која се базира на платформата за електрични возила кој пак ќе се искористи и кај моделот Centroventi. Без многу технички информации, овој модел доаѓа откако до крајот на годината италијанскиот производител ќе ја лансира т.н. “mild hybrid” изведба на основниот 500.

Иако цената не е позната се очекува овој модел да изнесува помеѓу 20 и 25 илјади евра.

Прочитајте повеќе

Трка на забрзување на сите верзии на Lamborghini Aventador

Трка на забрзување на сите верзии на Lamborghini Aventador

Lamborghini Aventador е суперавтомобил направен од Lamborghini. Тој го замени претходниот модел Lamborghini Murciélago. Името …