Целосно реконструиран покривот на детската градинка „Тризла“

Истакнувајќи дека грижата за најмладите кои посетуваат дневен престој во детските градинки, е врвен приоритет, градоначалникот на Општина Прилеп,  Илија Јованоски заедно со претседателот на Совет, Миле Талевски и директорот на ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп, Орце Тодоровски денеска ја посетија детската градинка „Тризла“, каде за прв пат откако е изградена градинката целосно се реконструираше кровната конструкција.

„Се наоѓаме пред детската градинка „Тризла“, тука во населбата „Тризла 1“, каде комплетно е реконструиран покривот на оваа детска градинка. Да напомнам дека од постоењето, 40 и нешто години откако е направена градинката, покривот за прв пат се реконструира и тоа комплетно по највисоки стандарди. Од утре ќе се започне со целосна промена на дограмата во оваа детска градинка, ќе се постави нова ПВЦ дограма и во целост ќе се молериса. Тука нема да запреме,  реконструкцијата на покривот е околу 1.620 метри квадратни, а вредноста е околу 3.500.000 денари“, истакна градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

Градоначалникот Јованоски, потенцираше дека исто така приоритет е и промената на котелот за парно греење во детската градинка „Гоце Делчев“, како и тоа дека за локалната самоуправа и за него лично како градоначалник, секогаш приоритет ќе бидат младите и најмладите во детските градинки и училиштата, каде како и до сега редовно ќе се вршат реконструкции за подобрување на условите за престој и работа.

Директорот на ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп, Орце Тодоровски нагласи дека е во тек голема инвестициска активност во висина од 15.000.000 денари, со која ќе бидат опфатени сите детски градинки во општина Прилеп.

„Во работната единица „Тризла“ се соочувавме со еден горлив проблем, со постојано прокиснување на покривот. Сега тој е заменет со нов огноотпорен и пластифициран лим. Во овој момент во детските градинки се вршат повеќе реконструкции, при крај е реконструкцијата на котелот во градинката „Гоце Делчев“, каде исто така е заменета дограмата. Во градинката „Бончејца“ денеска завршува промената на дограмата,  а утре започнуваме со поставување на нова дограма и во „Тризла“, изјави директорот Тодоровски.

Покрај сите овие градежни зафати, во градинките „Бончејца“ и „Гоце Делчев“ направени се и нови патеки со бехатон плочки, како и нови летниковци, со цел децата да изведуваат летна настава во овие топли временски периоди.

 

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …