Целовечерен концерт на ансамблот „Македонија“ во ЦК „Марко Цепенков“

Целовечерен концерт на ансамблот „Македонија“ во ЦК „Марко Цепенков“

Утре, вторник 6.ноември со почеток во 19.00 часот, во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“, ансамблот „Македонија“ ќе одржи целовечерен концерт. ќе одржи ансамблот  Македонија, кој е репрезент на македонската традиционална култура.

Ансамблот е единствен во државата од ваков тип и работи со професионалци. Со него раководат стручни лица од областа на традиционалната игра, инструменти и пеење. Младите уметници достојно го претставуваат она што се нарекува минато, она што претставува духовна и материјална култура, со еден збор – генетски код на еден народ. Уметнички менаџер на ансамблот „Македонија“ е д-р Владимир Јаневски, а музички менаџер м-р Тимко Чичаковски.

Настапот на ансамблот Македонија е дел од  годинашната програма на ЦК „Марко Цепенков“, која е поддржана од Министерството за култура. Влезот на концертот е слободен.

 

Прочитајте повеќе

Кривичниот суд ги ослободи Драган Павловиќ-Латас и Стефан Лазаров за подкастот во кој се исмеваше силување

Кривичниот суд ги ослободи Драган Павловиќ-Латас и Стефан Лазаров за подкастот во кој се исмеваше силување

Кривичниот суд Скопје ги ослободи Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров, во чиј подкаст гостинот …