• Импресум
  • Контакт
  • Политика на приватност
Оди на...
    ПУБЛИКУМ ПУБЛИКУМ
    • Почетна
    • Македонија
      • Прилеп
      • Партиска хроника
      • Фејсбук статус на денот
      • Избрани твитер статуси
      • Писма од читатели
    • Глобус
    • Пари
    • Анализа
    • Интервјуа
    • Колумни
      • Чеге Вара
    • Магазин
      • Спорт
      • Техника
      • Авто-мото
    Оди на...

      Цената на водата во Прилеп останува иста, одредени медиуми ја манипулираат јавноста

      9/2/2019
      Авторски, Прилеп
      Цената на водата во Прилеп останува иста, одредени медиуми ја манипулираат јавноста

      „Написите во одредени медиуми за наводното зголемување на цената на водата, се груби манипулации со граѓаните на Прилеп. Цената на водата останува непроменета. Согласно Законот за утврдување на цени на водни услуги, со ставањето во функција на Пречистителната станица, се воведува нова тарифа за пречистување на урбани отпадни води“, изјави на денешната прес конференција Емил Јанески, директор на ЈКП „Водовод и канализација“.

      Јанески напомена дека чистата животна средина, заштитениот биодиверзитет во реките, зачувувањето на рибниот фонд, наводнувањето на земјоделските површини со чиста вода, заштитата на здравјето на луѓето, се значајни придобивки кои ги носи изградбата на Пречистителната станица. Но, како што напомена, освен постојаното ширење дезинформации од одредени медиуми, иритира и однесувањето на актуелната опозиција во Прилеп.

      „Како што повеќе пати сум напомнал досега, факт е дека проектот за Пречистителната станица е започнат во 2008 година, кога е склучен четирипартитниот Договор во кој потписници се и тогашниот директор на ЈКП „Водовод и канализација“, Методија Томески и тогашниот градоначалник Марјан Ристески. Невозможно е во исто време кога се фалите со европски проект вреден 23 милиони евра, во кој при неговото потпишување сте предвиделе дека ЈКП „Водовод и канализација“ преку наплата на тарифа на пречистување на урбани отпадни води ќе ги обезбеди потребните средства за одржување и функционирање на пречистителната станица, да го критикувате воведувањето дополнителна тарифа“, нагласи Јанески.

      Првиот човек на прилепски „Водовод и канализација“ го повтори она што во повеќе наврати го има истакнато, дека на предлог на јавното претпријатие, до градоначалникот на општина Прилеп беше доставен предлог, цената на услугата “пречистување на урбани отпадни води“ да изнесува 17,35 денари за метар кубен, цена која Советот на општина Прилеп подоцна ја изгласа.

      Јанески уште еднаш потенцираше дека цената на водата останува иста, 26,22 денари за метар кубен и дека таа не е зголемена во изминатиот период откако СДСМ во Прилеп ја презеде локалната власт. Наспроти тоа, потсети директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, за време на 12 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески со општина Прилеп, цената на водата и постојните водни услуги беше зголемена за повеќе од 100 отсто.

      Споделете :
      • Facebook
      • Twitter
      СДСМ: Мерките од Оперативниот план создаваат шанси за вработување на младите
      Следно
      СДСМ: Мерките од Оперативниот план создаваат шанси за вработување на младите
      Мила Царовска: Создаваме фер општество, ги заштитуваме децата, обезбедуваме поголем капацитет на згрижување во градинките
      Претходно
      Мила Царовска: Создаваме фер општество, ги заштитуваме децата, обезбедуваме поголем капацитет на згрижување во градинките

      Слично

      • 21/2/2019

        Прилепски „Комуналец“ активно работи на расчистување на дивите депонии

        Прилепски „Комуналец“ активно работи на расчистување на дивите депонии
        19/2/2019

        “Глогов колец“ во срцето на СЈО

        “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        18/2/2019

        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување

        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
      • “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        19/2/2019
      • Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        18/2/2019
      • На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        18/2/2019
      Дозволено е превземање со наведување на изворот и линкување. 2016 Публикум МЕДИА