Централниот одбор на СДСМ денеска ќе одржи состанок во седиштето на партијата со почеток во 12 часот, информираат оттаму.

На состанокот ќе одлучуваат кој ќе биде мандаторот за составување на новата влада, откако партијата синоќа ги доби потписите од ДУИ.

Синоќа, портпаролот Бујар Османи информираше дека ДУИ ќе им ги даде потписите на СДСМ за состав на нова влада, но тие потписи не значат дека ДУИ ќе коалицира со СДСМ.

Извор: МЕТА