Циклонот Бруно доаѓа и во Македонија

Циклонот Бруно доаѓа и во Македонија

Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има локален пороен дожд и грмежи, а можна е и појава на град, особено на север. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе се интензивираат. Дневната температура ќе се движи од 26 до 35 степени, а УВ индексот ќе изнесува 7.

Според најавите на метео прогнозерот Славчо Попоски, циклонот Бруно кој на европските Алпи ќе донесе 30 – 50 цм снег, ќе се спушти и до Балканот а ќе ја зафати и нашата држава. Поради овој циклон, Македонија влегува во жолта, портокалова па дури и во црвена предупредувачка фаза, што значи понатамошни закани од опасни метеоролошки појави. Во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер, кој ќе услови значителен пад на температурите на воздухот за десетина степени. Локално, процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, ветер, силни електрични празнења и појава на град.

Прочитајте повеќе

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

Реакција на Кети Смилеска, директорка на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп на вчерашната изјава …