Ципрас: Грција прв пат решително бара решение за името

Ципрас: Грција прв пат решително бара решение за името

Грчкиот премиер Алексис Ципрас по средбата со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер порача дека неговата земја по прв пат на толку решителен начин се обидува да најде заемно прифатливо решение за името, јави Радио Слободна Европа.

Според него, Грција во последните години покажала дека треба да игра централна улога во обидот Европската унија во иднина да ја надгради нејзината меѓународна и регионална улога како сила на мир, стабилност и безбедност. Доказ за тоа, како што посочи, се напорите на земјата во справувањето со бегалскиот проблем и обидите за решавање на кипарското прашање и на спорот со името што Грција го има со Македонија.

– Ова го покажуваме обидувајќи се, по прв пат, на толку решителен начин да најдеме заемно прифатливо решение во прашањето со името на поранешната југословенска Република Македонија со гаранции дека ова прашање ќе има конечно решение – рече Ципрас.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …