Ципрас од Солун: Промена Уставот е предуслов за целосен договор за името

Ципрас од Солун: Промена Уставот е предуслов за целосен договор за името

Грчкиот премиер Алексис Ципрас од Солун го повтори ставот дека „промената на Уставот на соседот е предуслов за трајно решение“.

Ципрас ова го кажа на „Регионалната конференција во Централна Македонија“ подвлекувајќи дека „Централна Македонија и особено Солун сакаат да бидат столбот на развојот и може да имаат само корист од решението на спорот кој го имаме со соседот“.

Како што јавуваат грчките медиуми, Ципрас рекол дека „преговараме со чувство на национална одговорност, со цел да постигнеме решение кое ќе значи зачувување на нашата историја и, во исто време, ќе оневозможи било каков иредентизам од другата страна. Нема да се водиме од партиските, туку од националните интереси“.

Тој повикал „и другата страна да се раководи од овие принципи и покаже сила да донесе храбри и тешки одлуки“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …