Тур оператори и новинари од Хрватска, во посета на Крушево
edh

Тур оператори и новинари од Хрватска, во посета на Крушево

Во саботата Крушево им беше домаќин на тур оператори и новинари од Хрватска, кои се запознаа со историјата на градот, а градоначалникот Томе Христоски им додели промотивен материјал.

За време на посетата, за гостите од Хрватска беше организирана дегустација на локум, прошетка во центарот на градот, посета на спомен куќата „Тодор Проески“, на гробното место на Тоше и посета на „Македониум“.

„Крушево и Хрватска имаат нешто што многу не’ врзува, а тоа е Тоше Проески. Имаме потпишано меморандум за соработка со Нова Градишка, а преку оваа ваша посета сакаме да ја продлабочиме соработка со вас, да привлечеме повеќе посетители и да се запознаете со угостителскиот сектор“, истакна градоначалникот Христоски.

Целта на оваа посета беше запознавање со угостителскиот сектор во Крушево од страна на тур операторите, како и промоција на понудата на градот во хрватските медиуми.

Посетата ја организираше Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со поддршка на општина Крушево.

Прочитајте повеќе

вакцина Вакцини грип корона

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на последната недела, пријавени се два смртни случаи асоцирани со грип. Се работи …