Тутунопроизводителите и откупувачите се договорија – ќе се интензивира откупот на тутун на задоволство на двете страни

На вчерашната заедничка средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на која присуствуваа претставници на Државниот инспекторат за земјоделство, откупните компании и Сојузот на тутунски здруженија, постигнат е договор за откуп на преостанатиот тутун, како и 10% повеќе од договорените количини.

Истовремено, како што изјави претседателот на Сојузот на тутунски здруженија, Менде Стомнароски, договорено било процената на тутунот да се врши како на почетокот на откупот, кога преземањето на „жолтото злато“ се вршеше на задоволство на тутунопроизводителите.

„На вчерашната средба беше договорено откупувачите да ја преземат целокупната количина на произведен тутун и плус 10 отсто од договореното, а се сложија и процената да биде онака како на почетокот на откупот. Од тие причини, ги повикувам сите тутунопроизводители да го предадат годинешниот род и доколку некаде се јави проблем при откупот, односно тутунот не се цени реално, да не’ повикаат нас, а ние ќе го повикаме инспекторатот. Нема да дозволиме ниту еден тутунопроизводител да биде оштетен при процената на тутунот“, потенцираше Стомнароски.

Стомнароски најави дека по завршувањето на откупот од годинешната реколта, Сојузот ќе инсистира на постигнување договор со откупните компании, во насока на коригирање на цените и намалување на разликите во цената на класите.

За време на минатонеделната посета на Прилепскиот регион од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, беше кажано дека досега се откупени 80% од планираните количини на тутун, односно околу 20 милиони килограми тутун, со просечна цена од 222,5 денари за еден килограм.

Прочитајте повеќе

Ковачевски од Куманово: Нема откажување од иднината, од надежта и желбата за европска Македонија

„СДСМ е опција која носи надеж, обезбедува подобар и подостоинствен живот за сите, опција која …