Уапсен Анџело Ѓорѓиевски, осомничен за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Уапсен Анџело Ѓорѓиевски, осомничен за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Министерството за внатрешни работи утринава го известило скопското Основно јавно обвинителство дека го лишило од слобода лицето А.Ѓ. осомничено за убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот.

Лицето се предало на органите на прогонот на територијата на Скопје, а по предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје веќе има донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена.​

Ѓоргиевски се бараше со меѓународна потерница, затоа што постои основано сомнение дека минатата недела пред ноќниот клуб „Привилиџ“ во градскиот парк во Скопје, му задал смртоносен удар на ракометарот Денис Тот, кој потоа им подлегна на повредите.

Прочитајте повеќе

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

Соопштение за јавност на СДСМ Ништо не е променето во ДПМНЕ. На митинзите на ДПМНЕ …