Уапсени 25 демонстранти, повредени седум полицајци на протестите пред Собранието

Уапсени 25 демонстранти, повредени седум полицајци на протестите пред Собранието

Во синоќешните протести пред Собранието биле повредени седум полицајци а приведени се 25 демонстранти, соопшти МВР, најавувајќи повеќе детали за денеска.

„На вчерашниот јавен протест во Скопје, дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда, истовремено обидувајќи се насилно да влезат во Собранието. Со цел да се спречи ескалирање на ситуацијата и насилен упад во Собранието, а постапувајќи согласно процедурите, полицијата употреби солзавец“, соопшти МВР.

Министерството нагласува дека го почитува правото на мирен протест, но нема да дозволи употреба на сила и насилен упад, како и нарушување на јавниот ред и мир и апелира на демократски начин на изразување на јавното мислење.

Протестите беа организирани преку социјалните мрежи поради догворот кој вчера го потпишаа Македонија и Грција, за решавање на 27-годишниот спор за името, со кој името на Македонија ерга омнес треба да биде Северна Македонија.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …