млечен ресторан тафталиџе

Убиен маж во казино кај Млечниот ресторан во Тафталиџе

Утрово околу осум часот во близина на Млечниот ресторан во Тафталиџе, пред казино бил убиен маж од Арачиново, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од полицијата, во 08.05 часот, во казино лоцирано на булеварот „М.Т.Гологанов“ кај Млечен ресторан, пријавено е пукање, при што Н.А. (46) од с. Арачиново подлегнал на повредите.

Полицијата го има оградено просторот околу казиното каде се случило пукањето и во моментов трае постапка за собирање докази.

Според првичните сознанија, како што соопштуваат од обвинителството, починатиот маж на возраст од 46 години, во казиното пристигнал заедно со уште три лица, во видно алкохолизирана состојба. Тие извесно време играле на апаратите, а потоа жртвата почнала да се расправа и да се турка со едно од лицата со кои бил заедно во казиното. Другите двајца се обиделе да ги раздвојат, но осомничениот извадил пиштол и неколкупати пукал во оштетениот. Потоа, со кундакот од пиштолот го удрил повеќе пати по главата.

„Жртвата им подлегнала на повредите на лице место. Се трага по лицето за кое постои сомнение дека го извршило убиството“, се вели во соопштението на обвинителството .

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Воедно, ќе се врши вештачење на траги и докази подигнати од лице место и ќе се разговара со сведоци на настанот. Од обвинителството велат дека обезбедени се и снимки од видео надзорот на објектот.​​

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Италијанските супермаркети „Конад“ влегуваат на македонскиот и црногорскиот пазар

Италијанските супермаркети „Конад“ влегуваат на македонскиот и црногорскиот пазар

Според анализите се очекува отворањето на супермаркетите „Конад“ да придонесе во отворање на нови работни …