Зимскиот распуст започнува денеска за основците и средношколците во земјава. На 20 јануари учениците се врааат во училишните клупи.
Наставниците и професорите имаат обврска да ги пополнат оценките во електронскиот дневник, за постигнатиот успех во првото полугодие.
Министерката Весна Јаневска, неодамна на брифинг со новинарите кажа дека од оваа година започнува постепено воведување електронски свидетелства, наајпрво за одделенијата од 1 до 3, потоа за 4, 5 и 6, а во следната фаза и за 7, 8 и 9 одделение.
„Крајната цел е целосно укинување на хартијата, при што училиштата сами ќе ги повлекуваат потребните податоци за упис“, кажа Јаневска, која додаде дека новиот е-дневник функционира стабилно и дека повеќе ги нема проблемите со губење или незачувување на оценки, со кои наставниците се соочуваа во минатото.
Таа на брифингот кажа и дека во второто полугодие ќе продолжи да се воведува едносменска настава.
Извор: МЕТА
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место