Утре, четврток 23 август, со почеток во 20.30 часот, на летната сцена од Домот за култура “Марко Цепенков“, пред љубителите на поезијата ќе се претстават четворица поети, учесници на годинешните „Струшки вечери на поезијата“.

Приврзаниците на убавиот пишан збор, ќе имаат можност да уживаат во поезијата на реномираните поети: Владимир Левчев од Бугарија, Мартин Глаз Серуп од Данска, Козмин Перта од Романија и Хусеин Хабаш од Сирија. Посетителите ќе можат да чујат и стихови од годинешниот добитник на главната награда “Златен венец” на СВП, полскиот поет Адам Загајевски. Нашиот сограѓанин Звонко Димоски е

Составен дел од антологијата од 800 страни, во која е собрано богатото поетско творештво на Загајевски, е и прилечанецот Звонко Димоски, кој го направи преводот од полски на македонски јазик.

Со манифестацијата „Поезија на пат“, „Јавен Простор Прилеп“ во соработка со НУЦК „Марко Цепенков“, за прв пат го внесоа Прилеп во официјалната програма на „Струшките вечери на поезијата“.