Учесници од 5 држави во проектот „Граѓани претприемачи и волонтери“, во посета на Општина Прилеп

Учесници од 5 држави во проектот „Граѓани претприемачи и волонтери“, во посета на Општина Прилеп

Ученици и наставници од 5 земји, Шпанија, Италија, Турција, Полска и Македонија, кои се дел од Еразмус + проектот „Граѓани претприемачи и волонтери“, денеска ја посетија Општина Прилеп, при што остварија средба со градоначалникот Илија Јованоски.

Посакувајќи им пријатен престој во нашиот град, градоначалникот Јованоски истакна дека деновите кои учениците од петте држави ќе ги поминат заедно, ќе им овозможат да стекнат нови пријателства и да ги искажат стекнатите знаења и искуства во своите држави.

„Домаќините од средното училиште од нашиот град ќе има со што да им се претстават и пофалат на гостите, затоа што ние имаме традиција и културно наследство. Како Општина Прилеп и јас како градоначалник, секогаш ќе ги поддржуваме учениците и наставничкиот кадар, затоа што тие ќе бидат наши презентери во сите европски земји, бидејќи како атрактивна туристичка дестинација, ние нудиме можности за развој на туризмот“, рече градоначалникот Јованоски.

Нашата држава во овој проект ја претставува СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, кое во следните 5 денови ќе им биде домаќин на гостите од останатите 4 европски земји. Учесниците во проектот во текот на оваа недела, ќе учествуваат на повеќе работилници, презентации и приредби, како дел од предвидените активности во проектот „Граѓани претприемачи и волонтери“.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …