Учесници во „Еразмус +“ програмата во посета на Пречистителната станица во Прилеп

Учесници во „Еразмус +“ програмата во посета на Пречистителната станица во Прилеп

Средношколци од пет држави: Полска, Португалија, Италија, Турција и Македонија, кои се дел од проектот „Нашите води, наша заедничка иднина“ од „Еразмус +“ програмата, деновиве ја посетија Пречистителната станица за урбани отпадни води. Посетата на Пречистителната станица имаше за цел, преку интерактивни методи, учениците да станат свесни за значењето на водите и да ги проучат методите како да се дојде до чиста животна околина.

Учесници во „Еразмус +“ програмата во посета на Пречистителната станица во ПрилепЗа време на посетата, средношколците и нивните наставници имаа можност на непосреден начин, преку презентации од страна на вработените, да се запознаат со улогата и значењето на Пречистителната станица, како и со начинот на нејзиното функционирање.

Пречистителната станица за урбани отпадни води, е најголема и најсовремена станица од овој тип во регионот. Нејзиниот капацитет е проектиран за 100.000 жители и неа ја опслужува стручен тим од технолози, хемиски, машински и електро инженери, лаборанти и други стручни лица.

Пречистителната станица ги пречистува урбаните отпадни води и со тоа придонесува за заштита и унапредување на животната средина, здравјето на луѓето, како и за зачувување на биодиверзитетот и биолошката разновидност во градската река.

Прочитајте повеќе

цук пожари

Во изминатото деноноќие регистрирани 22 пожари на отворено, осум сè уште се активни

Вкупно 22 пожари на отворено биле евидентирани во последното деноноќие, а од нив утрово се …