нестабилно со пороен дожд и грмежи

УХМР: До крајот на неделата променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи и грмежи

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во текот на оваа седмица ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.

Во Скопје, до крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

До петок ќе дува умерен до засилен јужен ветер и температурите ќе бидат без поголема промена, а од сабота со засилен северен ветер ќе бидат во опаѓање.

Прочитајте повеќе

Лукароска: Нула реализирани проекти и китење со туѓи перја – Проданоски го продолжува 5-годишното назадување на Прилеп

Лукароска: Нула реализирани проекти и китење со туѓи перја – Проданоски го продолжува 5-годишното назадување на Прилеп

Прес-конференција на претседателката на ОО СДСМ-Прилеп, Петра Лукароска Китење со туѓи перја, неспособност да се …