УХМР: Вардар излеан локално, внимателно движење покрај реките

УХМР: Вардар излеан локално, внимателно движење покрај реките

Водостоите на реките се зголемени, а поради променливото време и честите промени на температурата, топењето на снегот продолжува со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Од таму додаваат дека во горните текови на реките, се очекуваат постепени намалувања и стагнација, а низводно по теченијата, зголемување на водостојот.

– Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците. Треба со внимателност да се пристапува на местата каде нема насипи и каде речните брегови се ниски и без заштита. Ова се однесува на течението низводно од Скопје и Таорската клисура, низводно од Велес и Демир Капија и Гевгелиско-валандовскиот крај. На хидролошките станици Велес и Демир Капија веќе има одредени покачувања – велат од УХМР.

Во делови од горните текови на Вардар, Треска и Црна се уште постојат локални излевања и поплавени површини. Има и високи водостои на Пчиња, Сатеска и Бабуна.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …